Маричиќ пред амбасадорите на ЕУ: Државата интензивно работи на пописот и реформите во правосудството

 Подготовките за спроведување на пописот биле тема на денешиот состанок на министерот за правда Бојан Маричиќ со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во земјава, на кој присуствувале и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и заменик директорот Илми Селами.

Како што соопшти Министерството за правда, по носењето на Законот и објавувањето на методологијата сите одговорни за организацијата на пописот, интензивно работат со цел успешно спроведување на статистичката операција која има суштинско значење за развојот на државата.

– Последниот попис во Северна Македонија се одржа во 2002 година. Имавме и неуспешен и скап обид за попис во 2011 година. Нашата земја една од ретките во светот која е без попис цели 19 години. Ова се дел од причините зошто е потребен пописот во Северна Македонија, секако почитувајќи ги сите здравствени протоколи со цел да се заштити здравјето на нашите граѓани. Веќе имаме едно слично искуство со успешно организирање на предвремените парламентарни избори во услови на пандемија, истакна Маричиќ.

Министерот Маричиќ, се додава, на ЕУ амбасадорите им ги презентираше и бројните реформи во судството со акцент на интерниот план за проверка на работата во судството и дигитализацијата. Токму за воведувањето на информатичката технологија во работата на судовите е најавена поддршка од неколку ЕУ држави, за што министерот се заблагодари и кажа дека нивното искуство за овој процес е од големо значење за државата, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот