Маричиќ: Нема да дозволиме бесконечно кочење на работите, час поскоро да има избори

Бојан Маричиќ / Фото: Фејсбук

Правниот циркус настана затоа што ние сакаме да го свикаме Собранието, за да се избегнат сите овие дилеми околу правната разврска, околу изборите и сите добро знаеме кој беше против негово свикување, рече главниот технички преговарач и шеф на техничкиот преговарачки тим м-р Бојан Маричиќ, во вечерашната емисија „Еуро фокус“ на ТВ Телма.

Кога и да заврши вонредната состојба, вели Маричиќ, после 22 дена ќе има избори. Може да се воведат специфични мерки за изборниот процес, ние веќе така функциуонираме во услови на пандемија.

-Од септември имаме многу предизвици на сите полиња и нив треба да ги решава политичка влада со полн мандат, како што кажа амбасадорот Жбогар. Ние не преферираме избори без опозиција, не е ова посакувано сценарио за Владата, меѓутоа исто така нема да дозволиме бесконечно кочење на работите- рече Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот