Мареј бара жестоки казни за „корона престапниците“

twitter.com/livetennis

Британскиот тенисер зборуваше за претстојниот грен слем турнир, УС Опен.

Тениската сезона наскоро ќе започне, а прв од големите тениски турнири кои се враќаат на големата сцена е УС Опен кој треба да започне на 31. август.

Организаторот на грен слем турнирот најави дека ќе се безбедносните протоколи за тенисерите и тенисерките ќе бидат строги и сериозни и ќе мора да бидат почитувани од сите.

Енди Мареј смета дека сигурно ќе има играчи кои ќе ги прекршат протоколите и бара тие да бидат ригорозно казнети.

– Мислам дека поголем дел од играчите ќе ги почитуваат правилата, но ќе биде глупо да очекувате дека никој нема да ги прекрши протоколите. Видовте дека такво нешто се случи и во НБА и мислам дека тоа се случи во голфот така што треба и организаторот на УС Опен треба да се подготви за вакво нешто во Њујорл. Мислам дека казните треба да бидат сериозни, бидејќи на крајот на краиштата ги изложувате на ризик сите учесници на турнирот. Тениската федерација на САД (УСТА) вложува огромни напори да го направи турнирот безбеден, така што играчите кои нема да се продржуваат кон правилата треба да сносат сериозни последици – вели Мареј кој најави дека сигурно ќе игра на УС Опен.

– Мора секој сам да си донесе одлука за тоа, а верувам дека УСТА ќе смисли некако „меур“ за играчите. Најверојатно во наредните неколку дена ќе го резервирам летот за САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот