1 C
Скопје

„Маракана”, ЈНА и „Карабурма” ќе се покријат, а уредениот Порој ќе биде нов украс на Струмица

Според градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, идејата за покривање на Поројот и изградба на шеталиште со модерна сообраќајница тлеела подолго време.

Спомените на граѓаните на Струмица, кои живеат од двете страни на каналот на улицата „Крушевска Република”, од почетокот на новата година ќе бидат „покриени” со новото и модерно урбанистичко решавање на овој отворен канал преку кој истекуваат атмосферските води од повисоките делови на градот. Проектот за уредување и покривање на Поројот, како што струмичани го нарекуваат овој канал, доби најмногу гласови на буџетските форумски сесии, а средства за почнување на изградбата се предвидени и во буџетот на Општина Струмица за 2020 година.

Според градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, идејата за покривање на Поројот и изградба на шеталиште со модерна сообраќајница тлеела подолго време.

– Во времето кога почнала да се актуализира идејата веројатно имало други предизвици. Сега во консултација со стручни лица, хидроинженери, архитекти и урбанисти научно е потврдено како може овој проект да се изведе, смета градоначалникот Јаневски.

Жителите од овој дел на градот, кои за Поројот имаат и убави и лоши сеќавања, сметаат дека решението за покривање е убаво, но треба да се води сметка за регулацијата на водите, кои во минатото предизвикувале големи поплави во долните делови на градот, како што беше таа во 2010 година, но и една поголема кон крајот на педесеттите години на минатиот век, кога водите од Поројот, кога тој не бил уреден, за малку не одзеле и еден живот.

Прочитајте и...  ФОТО | Хаос во Холандија по првиот „полициски час“ од Втората светска војна: Полицијата уапси најмалку 184 лица

– Нас за Поројот нè врзуваат повеќе убави спомени, бидејќи до пред десетина години децата од овие и соседните улици чистеа делови и ги рамнеа за во нив да можат да играат фудбал, па дури поставуваа и одбојкарска мрежа и кош. Деловите од Поројот беа нарекувани по познатите стадиони како што беа „Маракана”, ЈНА и „Карабурма” и други. Еден период на ѕидовите беа испишани имиња на познати фудбалери, но штом ќе надојдеше водата „стадионите” се растураа и потоа пак се уредуваа. Од течењето на поројот најмногу добиваа собирачите на ситен песок, чакал и камења. Од оваа корито кубици и кубици песок и камења се вградени во куќите, а и мојата, во најголем дел, е изградена токму од овој песок и камења, раскажува Перакли Костов, жител на улицата „Крушевска Република”, чија куќа е неколку метри оддалечена од каналот.

Прочитајте и...  Систем на ЕУ трипати ја предупредил АХВ за увоз на небезбеден сусам од Индија во Македонија

Повозрасните жители од овој дел на градот се сеќаваат и на големиот дожд што врнел на 1 август 1957 година и притоа еден постар струмичанец бил буквално однесен од надојдените води на Поројот, но, за среќа, бил спасен.

– Еден наш сосед надојдената вода го повлекла и паднал на долниот дел на запрежна кола, но некако успеал да се додржи во водата и дури долу, на крајот од каналот, успеал со крајни сили да се извлече. Го видел еден случаен минувач, го извлекол од надојдените води и го донел дома, раскажува Костов, кој ни покажува каде било поранешното корито на каналот, кое првпат било уредено во периодот околу 1960 година.

Општината смета дека овие проблеми се надминати со изградбата на Ободниот канал, кој ги опфаќа атмосферските води од горниот дел на градот, а со уредувањето и покривањето на Поројот ќе се реши и важно еколошко прашање.

Прочитајте и...  Средба на министерката Шахпаска со директорот на Државниот завод за статистика, Симовски

– Пресекот на самиот Порој ќе биде редизајниран со тоа што ќе се овозможи двете паралелни сообраќајници што одат покрај „Крушевска Република” да добијат малку во широчина, што ќе биде доволно за непречено одвивање на сообраќајот и се добива простор за хортикултурно уредување, а покриениот Порој ќе биде шеталиште. Има технолошки решенија како ќе се изведува чистењето, одржувањето и сметам дека ќе биде еден убав урбан украс на нашата општина, објаснува градоначалникот Јаневски.

Проектот за реконструкцијата и покривањето на Поројот ќе биде во должина од околу три километри и ќе чини над еден милион и триста илјади евра, а се планира да биде завршен во наредните две години.

Поврзани вести

ВИДЕО I Ооо Пјетер! Спасувачите извлекоа старец затрупан под 4 метри снег

Илинка Иљоска

Повторно отворена „Јавна соба“ – групата на која се споделуваа експлицитни фотографии

Слободен печат

ВИДЕО: Експлозијата го тресе Ријад само неколку дена по друг обид за напад

Слободен печат

Општина Карпош: Направените штети многу тешко се санираат дури и по законски пат

Анета Стојковска

ВИДЕО: Во исчекување на вакцините против ковид-19, земјите од Западен Балкан го губат трпението

Илинка Иљоска

Бајден се слушна и со Столтенберг: САД остануваат посветени на колективна одбрана и на зајакнување на трансатлантската безбедност

Слободен печат

Остави Коментар