Манифестација „Движи се за здравје” во рамки на Европската недела на движењето

„Движи се за здравје” е манифестација која спортскиот оддел при Детскиот културен центар „Карпош” ја организира во рамки на Европската недела на движењето што почнува денеска, а ќе трае до 22 септември годинава.

Како што информираат од ДКЦ „Карпош”, манифестацијата е од забавно-рекреативен карактер и подразбира вежби за подобрување на моторичкиот развој кај децата од рана предучилишна возраст.

– Целта на оваа манифестација е да се потсетиме кога вежбањето беше забавно. Низ целата недела на движењето ќе ја откриете чистата забава во трчањето, скокањето, качувањето и танцувањето додека сите сме активни заедно, велат од ДКЦ „Карпош”.

Најавуваат дека од секоја градинка од Скопје и околината ќе учествуваат по пет момчиња и пет девојчиња од најголемата група, а на манифестацијата ќе има вежби и со велосипед или тротинет.

„Движи се за здравје” ќе се одржи по петти пат утре, со почеток во 10 часот на платото пред фонтаната „Лотос” во Градскиот парк. Манифестација е поддржана од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот