Очигледно дека карантинот влијаеше и врз манекенката Емили Ратајковски, па таа одлучи да направи драстична промена со нејзината коса.
Манекенката постојано е со кафена коса, но овој пат досадата го направи своето и таа реши да стане русокоса.

Емили сподели видео на својот инстаграм-профил кое доби многу позитивни коментари. „Конечно го направив!“, напиша Ратајковски алудирајки на тоа дека конечно собрала храброст за ваква голема промена.
