Манчевски: Прво обвинение за Ременски, па внатрепартиски постапки – Слободен печат
ВестиМакедонија

Манчевски: Прво обвинение за Ременски, па внатрепартиски постапки

Ние покажуваме и докажуваме дека системот функционира, вели потпретседателот на СДСМ и министер за администрација.

Потпретдедателот на СДСМ, Дамјан Манчевски смета дека најпрво треба да се добие обвинението за Фросина Ременски за случајот „Рекет” за потоа да се преземат соодветните внатрепартиски постапки.

– Ние покажуваме и докажуваме дека системот функционира. Ако порано беше непоимливо Обвинителството да поднесе какво било обвинение против кој било функционер на владејачка партија, денеска тоа е сосема нормална работа. Ако порано Државната комисија за спречување на корупција „не постоеше”, денеска таа ја гони власта за она што не го прави како што треба. Ако Марко Зврлевски поднесеше барем една кривична пријава против поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ денеска можеби ќе бевме и во Европската Унија, вели Манчевски.

На трибината „На прав пат”, што синоќа СДСМ ја одржа во Кочани, Манчевски нагласи дека една од заложбите на кои посветено се работи е законите да почнат подеднакво да важат за сите граѓани, а посебно во борбата против корупцијата, зашто власта не треба да ги штити своите луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close