Манчестер сити ќе го исфрлат од Лигата на шампионите!?

фото:твитер

Како што пренесуваат англиските медиуми, Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана ја одби жалбата на Манчестер сити и сега на „граѓаните“ им се заканува потенцијално исфрлување од Лигата на шампионите, односно се соочува со евентуална забрана на настап на европските натпреварувања.

Сити е под лупа на УЕФА поради потенцијално кршење на Финансискиот фер плеј, целиот случај беше покренат кога „Дер Шпигел“ објави сомнителна документација од клубот од „Етихад“.

Се очекува судска одлука следниот месец, од Манчестер се жалеа, тврдејќи дека не прекршиле никакви правила, но нивната желба е одбиена.

Најстрогата казна секако би било исфрлање од Лигата на шампионите за наредната сезона, а постои можност премиерлигашот да добие и парична казна.

Сити сега ќе мора да почека на крајот на истрагата, после што ќе се соочи со пресудата на УЕФА, а ќе има право на жалба на секоја одлука која ќе биде донесена.

-ЦАС пресуди дека жалбата поднесена од фудбалскиот клуб на Манчестер сити не е прифатена – рече генералниот секретар на ЦАС, Метју Риб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот