Манчестер јунајтед се откажува од Санчо, време е за план „Б“! (ФОТО)

Скоро секојдневно се поврзуваат Манчестер јунајтед и фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, но и скоро никакви најави не доаѓаат за реализација на трансфер.

Ова лето британските медиуми и пошироко веќе го гледаа Санчо во дресот на „црвените ѓаволи“, но директорот на „милионерите“, Себастијан Кел потврди дека оваа сезона Санчо ќе остане во бундеслигашот.

Па така, после неговите зборови не е испратена нова понуда од „Олд Трафорд“, а Германците немаат намера да го пуштат својот играч за помалку од 120 милиони евра.

Сега менаџерот Оле Гунар Солскјер има друг план, да се обезбеди потписот на велшкиот интернационалец Герет Бејл (31) од Реал Мадрид.

Прво би играл како позајмица, а на крајот од сезоната ќе се разговара за откуп на неговиот договор.

Има уште две години од договорот со „кралскиот“ клуб кој има намера да го продаде за „само“ 20 милиони евра.

И за поранешните менаџери на Јунајтед, Фергусон, Мојес и Мурињо желба им беше Бејл, можеби четврта среќа со Солскјер!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот