Манчестер јунајтед новата сезона ја почна како што ја заврши претходната, со пораз од Брајтон

Фудбалерите на Брајтон се радуваат на првата победа над Јунајтед на „Олд трафорд“/фото: EPA-EFE/Peter Powell

Точно три месеци откако Манчестер јунајтед беше понижен во последното коло од минатата сезона кога загуби со 4:0 од Брајтон, денеска во првиот натпревар од новата сезона, „црвените ѓаволи“ загубија од истиот тим на домашен терен.

Фудбалерите на Брајтон го приредија најголемото изненадување во првото коло во Премиер лигата и на „Олд трафорд“ славеа со 2:1 и му покажаа на новиот менаџер на Јунајтед, Ерик тен Хаг дека го чека „ѓаволски“ тешка задача да ја врати екипата во битката за трофеите.

Првото полувреме помина во апсолутна доминација на фудбалерите на Брајтон кој со головите на Паскал Грос во 30 и во 39 минута поведе со 0:2.

Во второто полувреме, Тен Хаг го внесе во игра и Кристијано Роналдо, сите карти ги фрли на напад но неговите играчи успеаја да дадат само еден гол. Всушност, во 66 минута Аргентинецот Алексис Макалистер си постигна автогол. Потоа Јунајтед имаше уште две големи шанси преку Маркус Рашфорд, но не успеа да постигне гол и му дозволи на Брајтон да ја оствари првата победа во историјата на „Олд трафорд“

Во вториот натпревар кој се играше од 15 часот, Лестер и Брентфорд ги поделија бодовите играјќи 2:2. Домашниот тим имаше водство од 2:0 по головите на Кастање и на Девсбери-Хол во 33. и 46. минута, но играчите на Брентфорд успеаја да го изегнат поразот благодарение на головите на Тони во 62. и на Дасилва во 86. минута.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот