Манасков и Веспрем го преживеаја гостувањето во Брест

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Повратникот во СЕХА лигата, Веспрем со победа ја стартуваше новата сезона. Унгарскиот тим во дербито на колото како гостин со минимални 27:28 го совлада Мешков Брест.
Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков го одигра второто полувреме и учествуваше во триумфот на Веспрем со четири голови.

Ракометарите на Брест имаат за што да жалат бидејќи на две минути до крајот водеа со 27:26, но тогаш на сцена стапи голманот на Веспрем, Цупара кој одбрани два шута на домашните ракометари додека Веспрем преку Ненадиќ во последната минута го постигна победничкиот гол. Брест го имаше последниот напад со играч повеќе, но српскиот голман го одбрани ударот на Шкурински.

Покрај Манасков кој постигна четири голови, одлична партија прикажаа уште и Расмус Лауге со шест гола и Тонесен со четири, додека кај белорускиот најпрецизен беше Ѓукиќ со осум постигнати гола.
Уште еден фаворит со победа го стартуваше новиот шампионат, ППД Загреб како гостин ја совлада Металопластика со 25:28.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот