„Мамурниот“ шампион Јувентус падна на Сардинија

epa08573443 Cagliari's Luca Gagliano (L) scores the 1-0 goal during the Italian Serie A soccer match between Cagliari Calcio and Juventus FC at Sardegna Arena stadium in Cagliari, Sardinia island, Italy, 29 July 2020. EPA-EFE/FABIO MURRU

Екипата на Јувентус која минатото коло дојде до деветтата титула во низа во Серија А, вечерва загуби на Сардинија од Калјари со 2:0.
„Старата дама“ се опушти и тренерот Маурицио Сари одлучи да настапи со комбиниран тим и очекувано на крајот загуби. Калјари славеше со головите на Галијано во осмата и Симеоне во финишот од првиот дел.

Екипата на Фиорентина немаше милост кон Болоња и со славеше со убедливи 4:0. „Виолетовите“ сите голови ги постигнаа во второто полувреме, а во главната улога беше Федерико Киеза кој оствари хет-трик. Првите два гола ги даде во 48. и 54. минута, на 3:0 зголеми Миленковиќ, а Киеза ја затвори гол серијата во 89. минута.

Во последниот натпревар од 37. коло Рома на гости славеше со 2:3 против Торино и го осигура петтото место кое носи во групната фаза во Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот