Малолетник од Свети Николе се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од мопед на коловоз

Полиција / Фото: МИА

Малолетник од Свети Николе се здобил со тешки телесни повреди ноќеска откако паднал од мопед на коловозот на локалниот пат Свети Николе – село Кнежје.

– На 1 август 2021 во 00.45 часот било пријавено дека на локалниот пат Свети Николе – село Кнежје, мопед „априлија“, без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Свети Николе, паднал на коловозот, стои во полицискиот билтен.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот