Малолетник обвинет за убиство на 28-годишен маж во Србија: Не сакав да го убијам, не знам да ракувам со пушка

Фото: Фејсбук

Едно малолетно лице во Србија е осомничено за убиството на 28-годишниот Милан Басаиловиќ, пренесува Курир.рс.

Малолетникот кој има 17 години е осомничен дека на 2 јули со ловачка пушка го убил Басаиловиќ, пренесува споменатиот српски медиуми.

Осомничениот малолетник  на сослушувањето изјавил дека претходно немал управувано со пушка, а дека на денот на трагедијата бил заедно со Басаиловиќ и биле малку поднапиени.

– Бев исплашен да не го казнат Милан поради мене, бидејќи седев напред, на рамото на тракторот, им реков на полицајците дека ако треба да се казне некој, тоа да бидам јас, а не Милан – рекол малолетникот.

Убиениот, како што тврди тој, го запознал пред околу месец дена, преку заеднички пријател, бидејќи му бил потребен работник за дрва. Наводно му било кажано дека ќе има дневница од 2.500 српски динари, но, според неофицијалните информации, не бил задоволен од начинот на кој му давале пари.

Се смета дека малолетникот оружјето го земал од домот на жртвата.

– Тој кажа како влегол во подрумот, знаел точно каде се наоѓа пушката и тргнал кон Милан. Еднаш пукал во воздух, а потоа во рамото. Тогаш кажа како ја фрлил пушката. Потоа кажа дека луѓето во близина на убиениот почнале да го тепаат и да го шутираат, тогаш ја изгубил свеста. Рече дека следно на што се сеќава е моментот кога се буди во болница – вели извор за медиумите.

Басаиловиќ им подлегнал на повредите на лице место.

Неговото семејство, вдовица и две малолетни деца, вели дека не ни можело да претпостави дека вакво нешто ќе се случи. Жртвата со добра намера го примила малолетникот под кровот на семејната куќа, пренесуваат српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот