Малиот Марко Пејчиновски против охридските далги, овојпат плива за лицата со ретки болести (ВИДЕО)

Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски попладнево го стартуваше својот најнов подвиг, овојпат во обид да преплива 64 километри во знак на поддршка на лицата со ретки болести.

Марко во вода влезе попладнево околу 18 часот, во придружба на неговите најблиски, лекарски тим, официјални лица и екипа што ќе го следи. Тој од кај Градското пристаниште со решителни завеслаи се упати кон Свети Наум, делница што ќе ја плива во текот на целата ноќ. Се очекува кружната трка преку езерото Охрид-Свети Наум-Струга-Охрид да ја заокружи утре на празникот Голема Богородица на истото место од каде што тргна.

Марко Пејчиновски минатата година направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач кој ја препливал таа делница, со што влезе меѓу легендите на пливачкиот маратон. Успехот на Марко е дотолку поголем оттаму што и самиот тој се соочува со здравствени проблеми односно има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.

За овој негов подвиг се изработени маички во бела и црна боја кои ќе се продаваат на специјален штанд кој утре ќе биде поставен кај градското пристаниште од 12 часот. Средствата од продажбата на маичките ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Инаку, за минатогодишниот подвиг Марко ја доби Свети Климентовата повелба – највисоко признание што го доделува Општина Охрид, како и „Златна Бубамара на популарноста”, како и признание на порталот „Охридњуз”.

 

https://www.facebook.com/watch/?v=739286759858511

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот