Малерозниот Азар: Платен 115 милиони евра, а паузираше над 270 дена!

Фото: EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Еден Азар не се покажа како играч каков што очекуваше Реал Мадрид. Азар се предвидува да биде предводник на „кралската“ екипа, но претежно го гледаме надвор од терените.

Во поразот од Алавес, Белгиецот повторно се повреди и наместо него, Родриго мораше да влезе на теренот веќе во 28 минута од натпреварот. Ова е деветта повреда на Азар откако е во Реал Мадрид, а досега имаше проблеми со задната ложа, скочниот зглоб, стапало, мускул, а беше и позитивен на коронавирусот.

Тој дојде во Мадрид со вишок килограми, тоа се повтори и на почетокот на оваа сезона, а многумина веруваат дека тоа е една од причините за неговите повреди. Додека медиумите често го критикуваат српскиот интернационалец Лука Јовиќ, Азар е еден од играчите со најлош учинок во составот на Зинедин Зидан.

Сега Азар ќе мора повторно да биде надвор од терените, што значи дека ќе пропушти пет клучни натпревари. Во Лигата на шампионите, Реал мора да победи за да оди понатаму, а играчот нема да биде на последните два меча со Шахтјор и Борусија Менхенгладбах, додека во „Ла Лига“ Реал ќе биде без еден од своите најдобри фудбалери против Севиља, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.

До сега пропушти 36 натпревари поради повредите, а откако се опорави од најновата повреда, тој број ќе биде над 40.

Реал Мадрид има чудна сезона, Зидан не знае што се случува!

Тој отсуствуваше 253 дена поради повреди и доколку се остварат првите предвидувања, ќе биде надвор од терените три недели, тоа значи севкупно над 270 денови во процес на рехабилитација.

Дури и кога играше, Азар не покажуваше најдобри игри. Тој постигна само два гола на 19 натпревари во најсилната шпанска лига, и тешко дека „кралскиот клуб“ очекувал ваков ефект за вложените пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот