Реал Мадрид има чудна сезона, Зидан не знае што се случува!

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Новиот пораз на мадридски Реал ги загрижува сите навивачи на „кралскиот клуб“ кој сега заостанува шест бодови зад Сосиедад и Атлетико.

Иако пред четири дена во Лигата на шампионите во Милано го совладаа Интер, викендов изненадувачки разочараа на домашен терен против Алавес.

Тренерот на екипата Зинедин Зидан не може да најде објаснување за лошата форма на своите играчи:

– Немам објаснување за нашата форма. Против Интер игравме добро, но не и против Алавес, не можам тоа да го објаснам. Добрите моменти ги разменувавме со лоши. Кога примивме гол на почетокот, нештата на теренот станаа покомплицирани. Мора да продолжиме да работиме напорно и да се надеваме дека ќе биде подобро во наредните натпревари – рече Зидан после дуелот со Алавес.

ВИДЕО: Реал продолжува да подарува бодови, овој пат Алавес ги однесе трите бода

„Кралевите“ на 1 декември му гостуваат на Шахтјор во ЛШ, а следниот викенд ги очекува со дуел со Севиља.

Најновите информации велат дека фудбалерот на Реал, Еден Азар доживеа нова повреда поради која мораше порано да го напушти теренот (после само 28 минути игра) на мечот против Алавес. Оваа повреда е негова осма во последните 16 месеци поминати во Мадрид. Тој одигра само 25% од можните минути сезонава, додека минатата сезона имаше 33,6% минутажа.

Белгиецот во саботата го играше само третиот натпревар сезонава во „Ла Лига“, откако долг период беше отсутен поради повредите и позитивен тест на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот