Макрон: Трамп треба да го разјасни својот став за Европската Унија

Фото: EPA / Ian Langsdon

Францускиот претседател, Емануел Макрон, денеска оцени дека неговиот американски колега Доналд Трамп, кој се повеќе ја критикува Европската Унија, треба да го „разјасни својот став“.

– Постојат неколку нејаснотии, посебно во врска со ставот на Трамп за Брегзит и фактот дека промовира тврд Брегзит – изјави Мкрон во интервју на англиски јазик за американскиот магазин Њујоркер.

– Сметам дека тој треба да го разјасни својот став кон Европа – додаде францускиот претседател.

Трамп, од своја страна, во текот на изминатиов викенд за американските медиуми истакна дека не знае што ќе прави со Европа, одговарајќи на прашања за европските напори да опстане меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма од која САД отстапија.

– Многу сме великодушни кон Европа. Се грижиме за неа. Трошиме огромни пари за НАТО, а тие веќе долго време не користат и кога е во прашање трговската размена – рече Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот