Макрон се обрати на српски на Калемегдан: Франција ве сака како што вие ја сакавте неа! (ВИДЕО)

Претседателот на Франција, Емануел Макрон се обрати на српски јазик на Калемегдан при денешната посета на Србија.

„Господине претседателе, драги Белграѓани кои дојдовте во голем број ви благодарам на извонредниот дочек!

Време е да кажам во име на својата земја Франција ве сака, како што ја сакавте вие нејзе. Франција никогаш нема да го заборави жртвувањето на српскиот народ, крвта која заедно ја пролеавме, солзите на мајките, прогонот, непресушната болка. Франција знае дека судбината на Европа е испишана на ова тво, заедно се боревме на солунскиот фронт. Мораме да изградиме мир, длабоко верувам дека Србија е во Европа и дека Европа не може без Србија во нејзе“, рече Макрон.

Макрон го повтори ставот дека Европската Унија треба да се реформира за да ја прими Србија.

„Србија е на тој пат и јас секогаш ќе бидам покрај вас за да работиме на приближување и развивање на дијалогот“, рече Макрон на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој истакна дека паралелно со тоа, ЕУ треба да се реформира за да биде подготвена да ја прими Србија.

„Србија го покажа својот ангажман и патот по кој сака да оди, како и подготвеност да се преземат храбри реформи, а ЕУ има свои барања“, рече Макрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот