Макрон: Путин згреши што ја нападна Украина, но има надеж за ставање крај на војната

Емануел Макрон и Владимир Путин / фото: EPA

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за Еј-Би-Си изрази надеж дека преговорите со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на војната се се уште можни.

Макрон рече дека е „голема грешка на Путин што ја започна инвазијата на Украина”.

Во интервјуто, Макрон зборуваше за неговата посета на Вашингтон и за зајакнувањето на Франција како најстар сојузник на САД, особено за време на војната меѓу Русија и Украина.

„Добриот мир не е мир што двете страни нема да го прифатат на среден и долг рок”, рече Макрон одговарајќи на новинарско прашање за неговата визија за успешни мировни преговори.

„Мислам дека претседателот Путин направи голема грешка со започнувањето на оваа војна”, рече Макрон, споменувајќи ги договорите од Минск меѓу Украина и Русија по 2014 година во обид да се спречи војна. Путин оттогаш кажува дека не го признава тој договор.

„Имаше политички и дипломатски процес во кој беше вклучена меѓународната заедница. И тој одлучи сам, врз основа на лажен наратив, велејќи дека НАТО ќе ја искористи Украина за да ја нападне Русија, што е сосема погрешно”, рече Макрон.

На прашањето дали човек кој е способен да донесе таква погрешна одлука е способен да преговара за мир, Макрон одговори дека „сепак се надева дека Путин ќе биде рационален во преговорите за ставање крај на војната”.

„Путин е долго време на чело на Русија, го познава својот народ. Згреши што ја нападна Украина. Можно ли е враќање на преговарачка маса со Путин? Мислам дека сè уште е можно”, изјави Макрон за Еј-Би-Си

Инаку и Турција смета дека е реално решението на ситуацијата во Украина да се постигне преку преговори, доколку и се даде шанса на дипломатијата.

„Решение со преговори е можно доколку и се даде шанса на дипломатијата. Се разбира, тоа мора да биде праведен мир за Украина”, рече Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Турција: Во Украина е можно да се дојде до решение преку дипломатија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот