Турција: Во Украина е можно да се дојде до решение преку дипломатија

Фото EPA-EFE/TURKISH DEFENCE MINISTRY

Турција смета дека е реално решението на ситуацијата во Украина да се постигне преку преговори, доколку и се даде шанса на дипломатијата, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Решение со преговори е можно доколку и се даде шанса на дипломатијата. Се разбира, тоа мора да биде праведен мир за Украина”, рече Чавушоглу на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Тој додаде дека Турција „ќе продолжи активно да ја поддржува ОБСЕ, бидејќи не постои друга платформа која би била инклузивна”.

Во полскиот град Лоѓ денеска почна дводневниот 29-ти состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Полското Министерство за надворешни работи не дозволи влез во земјата на руската делегација предводена од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Руското Министерство за надворешни работи оваа одлука ја оцени како „без преседан” и „провокативна” и соопшти дека дејствијата на Полска се неспоиви со нејзините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот