Макрон: Последен рок за Брегзит е 31 октомври

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER

Францускиот претседател Емануел Mакрон истакна дека 31 октомври е последен рок за повеќепати одложуваниот Брегзит.

– Сметам дека тоа треба да биде крајниот рок, затоа што не сакам новиот состав на Европската комисија да се занимава со тоа прашање – истакна Макрон.

Тој рече дека ново одложување би било голема грешка.

Сепак, постои исклучок за продолжување на рокот, а тоа е евентуален нов референдум за Брегзит.

– Пролонгирање е остварливо доколку имаме нов референдум или нов модел кој би бил прифатлив за останатите членки и за нашиот преговарач- потенцираше Макрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот