Макрон: Ќе работиме заедно со Трамп на добар договор за да избегнеме ескалација на даноците

Вашингтон се закани дека ќе наметне даноци на француските производи како контрамерка.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска соопшти дека имал одличен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за дигиталните такси, со порака дека двете земји ќе работат на избегнување „ескалација на даноците”.

– Ќе работиме заедно на добар договор за да избегнеме ескалација на даноците, напиша Макрон на Твитер.

Во јули, Париз одлучи да воведе такси од три проценти на приходите од дигитални услуги, генерирани од компании со приходи поголеми од 25 милиони евра во Франција и 750 милиони евра ширум светот.

Вашингтон се закани дека ќе наметне даноци на француските производи како контрамерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот