Макрон го одликуваше албанскиот писател Кадаре

Во објавената уредба објавена на 1 јануари во Службен весник, името на албанскиот писател е меѓу 483 други истакнати личности.

Францускиот претседател Емануел Макрон го одликува познатиот албански писател Исмаил Кадаре со највисоката државна титула орден „Офицер од редот на Легијата на честа”

Во објавената уредба објавена на 1 јануари во Службен весник, името на албанскиот писател е меѓу 483 други истакнати личности.

Информацијата ја објави пратеничката и поранешна мнистерка за култура Мирела Кумбаро.

„Исмаил Кадаре, голем офицер на Легијата на честа! Денес има само 250 од нив во Франција. Не можеше да започнам подобро оваа 2020 година, напиша Кумбаро.

Оценките за нив се поделени на витези, офицери, команданти, високи офицери и големи крстови.

Заедно со Исмаил Кадаре, како висок офицер, одлкуван е и социологот Клаудин Херлич, египтеологот Крстијан Зиглер и француско-бугарската писателка Јулија Кристева.

Исмаил Кадаре од 2016 година ја носеше престижната титула „Командант на легијата на честа”, а сега е прогласен за „Голем офицер на Легијата на честа”.

Националниот ред на Легијата на честа го воспоставил уште Наполеон Бонапарта во 1802 година. Ова одликување се доделува за заслуга на личности кои имале исклучителен придонес за промоцијата на Франција и на вредностите што таа ги застапува и ги претставува во светот.

Осумдесет и четри годишнот Кадаре,кој е роден во Ѓирокастро, ужива голема меѓународна репутација. Тој ја започнува својата литературна кариера како поет во 1950-тите години. Во шеесетите, тој ја пренасочува својата креативна енергија кон прозата и многу скоро станува нејзин неоспорен мајстор и најпопуларен албански писател. Во 1992, е награден со Prix mondial Cino Del Duca, а во 2005 ја освојува првата награда на Man Booker International и неколкупати бил номиниран за Нобеловата награда. Лани ја доби меѓународната награда за литература „Neustadt”, позната и како американска Нобелова награда.

Неговите дела се преведени на 50 светски јазици. Член е на француската академија, како и на уште неколку други значајни светски институции и асоцијации. Досега има објавено десетина книги поезија, раскази и романи и есеи, од кои најпознато дело му е романот „Генералот на мртвата војска”.Делата на Кадаре го доведувале во чести конфликти со албанските комунистички власти од 1945 до 1985 година. Во 1990 година тој побарал политички азил во Франција и до ден денес живее во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот