Макрон денеска ќе разговара со Бајден за кризата со подморниците

Џо Бајден Емануел Макрон
Фото: EPA-EFE/PHIL NOBLE / POOL

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговара со својот американски колега Џо Бајден за кризата што се случи меѓу Париз и Вашингтон поврзана со раскинатиот договор со Австралија за набавка на подморници, објави портпарол на француската Влада.

Се очекува во телефонски разговор да ги разјаснат условите во кои беше објавено формирањето на новиот сојуз, како и условите за новиот американски ангажман со сојузниците, изјави портпаролот по владиниот состанок.

Разговорот се води „на барање на претседателот на САД”, потсети Елисејската палата. САД, Велика Британија и Австралија на 15 септември објавија ново стратешко партнерство во индо-пацифичкиот регион, но тие земји не ја консултираа Франција, која загуби вреден договор за испорака на подморници во Австралија.

Макрон очекува „појаснувања во врска со американскиот избор да се задржи еден европски сојузник на страната на структурната размена за соработка во Индо-Пацификот”, соопшти француското претседателство.

– Очекуваме нашите сојузници да признаат дека размените и консултациите кои требаше да се спроведат, не се насоки, и дека ова е прашање на доверба, од која треба заедно да ги сносиме сите последици, се додава во соопштението.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот