Макрон бара регулација на украинскиот извоз бидејќи го дестабилизира европскиот пазар

Емануел Макрон на Парискиот мировен форум / Фото EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ / POOL MAXPPP OUT

Францускиот претседател Емануел Макрон  сака Европската Унија да го регулира увозот на пилешко и житарки од Украина и да дозволи пофлексибилни правила за одгледувањето во Унијата за да се смират протестите на француските земјоделци.

Претседателот информираше за време на официјалната посета на Шведска, а додека земјоделците ги паркираа своите трактори на автопатите во Франција и палеа сено делумно блокирајќи го пристапот до аеродромот во Тулуз.

Слични протести на земјоделците избија во повеќе европски земји, вклучувајќи ги Германија и Полска, пред изборите за Европскиот парламент во јуни, на кои се очекува поголем број гласови за десницата, за која селаните се сè поважно гласачко тело. Протести за февруари најавија и шпанските земјоделци.

Земјоделците во Франција, најголемиот земјоделски произведувач во ЕУ, велат дека не се доволно платени, дека се задушени од претераните прописи за заштита на средината и дека се соочуваат со нечесна конкуренција од евтиниот увоз.

„Што и да се случи, решени сме да одиме до крај“, кажа фармерот Жан Батист Бонгар, еден од толпата на автопат во близина на Париз.

„Ако движењето трае еден месец, тогаш ќе трае еден месец“, кажа Бонгар, кој ја преземал семејната компанија во јули и тешко му е да им конкурира на странските произведувачи кои не се оптоварени од истите прописи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот