Македонските здруженија во Албанија не добија пари од државата

МД Илинден Тирана/Фото: МИА

Министерството за култура на Албанија финансиски не го поддржа одржувањето на Фолклорниот фестивал на македонското малцинство во Албанија, реагира македонското друштво „Илинден“ – Тирана. Друштвото смета дека треба да го добие проектот со оглед дека и минатата година не било финансирано од државата.

Претседателот Никола Ѓурѓај вели дека досега само еднаш добиле финансиска помош и тоа во 2019 година. Единствено бил објавен списокот на друштва кои добиле државни пари, каде нив ги нема. Меѓу 66-те проекти што ќе бидат финансирани, само еден е поднесен од Македонец.

– Од име на Македонците остро реагираме за несовесниот и крајно дискриминаторски однос на Министерството за култура, зашто сметаме дека треба да добиеме финансиска поддршка од државата за реализирање на проекти. Македонците се лојални граѓани и ги плаќаат сите даноци кон државата, но пари за нивните културни активности не добиваат – вели Ѓурѓај, претседателот на „Илинден – Тирана“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот