Македонските У15 надежи минимално славеа против Велс

Македонија (У15) со пресврт славеше над Црна Гора/Фото: ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа над Велс во натпревар од групата „Б“ во рамките на меѓународниот турнир „Влатко Марковиќ” што се одржува во Хрватска.

Избраниците на селекторот Дашмир Беари успеаја да слават минимална победа со конечен резултат 1:0.

Лука Макаловски беше стрелец на единствениот погодок на средбата во 20 минута.

Македонија одигра добар натпревар, сосема заслужено успеа да слави минимална победа.

МАКЕДОНИЈА: Онур Бешир, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Даим Кадриовски, Хисар Али, Лука Макалоски, Беркај Шаини, Албион Муслији, Бобан Кузмановски, Каменчо Андоновски.

Претходно нашата селекција загуби убедливо од Босна и Херцеговина со 3:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот