Македонските граѓани масовно во Грција за Денот на независноста

Фото;. mia.mk

 Во период од 00:00 до 12:00 часот денеска излез од граничниот премин „Богородица” оствариле вкупно 9.628 патници, од кои 7.433 се македонски, а 2.195 се странски државјани, информираат од Полициската станица при Граничниот надзор.

Во текот на вчерашниот ден вкупно 9.239 патници оствариле излез од ГП „Богородица”, од кои 5.785 се македонски, а 3.454 се странски државјани.

На овој граничниот премин нема поголеми задржувања, односно како што информираат се чека околу 30 минути.

На граничниот премин „Стар Дојран” во период од 11:00 часот на 7 септември до 11:00 часот денеска излез оствариле вкупно 2.390 патници, од кои домашни 1.873 и странски државјани 517.

Задржување на ГП „Стар Дојран” за излез од државата е околу 15 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот