Македонски модни куќи ќе ги презентираат новите колекции на ревијата во Музејот на македонската борба

Здружението „Добредојде“ Macedonia Welcome Centre (DMWC) денеска во 19 часот во Музејот на македонската борба, ќе ја одржи третата модната ревија „Made in North Macedonia: Модни куќи“.

Ревијата ќе биде колаж од познатите македонски модни брендови кои ќе се претстават со аутфити од актуелните колекции.

Темата е артикулација на македонските реномирани модни куќи како своевиден омаж на современата домашна текстилна индустрија.

Првата се одржа под мотото „Made in Macedonia: Современ дизајн накитен со минатото”, а втората „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот