Македонски концепт поднесе тужба до Управниот суд против решението на ДИК

СДУ – Македонски концепт во текот на вчерашниот ден поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија против решението на Државна изборна комисија да се дозволи увид и пребројување на гласачките ливчиња. Со тужбата се бара да се поништи решението на Државната изборна комисија УП1 10-86 од 20.07.2020 со што ќе му се дозволи на СДУ – Македонски концепт да изврши увид на вкупниот број гласови дадени на предвремените парламентарни избори и евидентирање на гласовите дадени за Македонски концепт.

Од Македонски концепт истакнуваат дека овие предвремени парламентарни избори се сè само не фер и транспарентни.

“Ние од Македонски концепт не ги прифаќаме изборните резултати и сметаме дека се неверодостојни и нелегитимни. Ова што го видовме како изборно сценарио на 15 јули е груб фалсификат и рушење на сите демократски принципи врз кои треба да се темели една слободна, фер и демократска држава. Македонски концепт за ова ја информира целата домашна и меѓународна јавност”, вели Петар Богојески, промоторот на Македонски концепт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот