Македонската и грчката армија на Криволак успешно ја завршија воената вежба „Балкански воин 2023“

ФОТО : Македонски и грчки војници во Криволак / Извор: mill.mk

Македонската и грчката армија успешно ја завршија воената вежба „Балкански воин 2023“ на армискиот полигон Криволак која се одружуваше во период од 25 до 30 јуни. Како што пренесува порталот „Балканска безбедносна мрежа“ на заедничката вежба на полигонот во Неготино биле вежбани тактиките, техниките и процедурите на специјалните операции на припадниците на одбраната на двете земји а целиот процес минал успешно и професионално.

Вежбата „Балкански воин 23“, според предходно објавена информација од Министерството за одбрана беше дел од Планот за организација и учество на Армијата на вежби од меѓународен карактер за 2023 и 2024 година и дел од Планот за билатерална соработка за 2023 година помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Република Грција.

На вежбата учество зедоа 15 припадници од специјалните сили на Република Грција, со вооружување, опрема, моторни возила и материјално – технички средства.

Инаку, ова не е прва заедничка везба меѓу македонските и грчките безбедносни сили во рамките на НАТО Алијансата, исти вакви воени подготовки имаше и предходно како дел од големите вежби на Алијансата организирни оваа пролет на Балканот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот