Македонската естрада со настапи во мрак се обединува за Часот на планетата Земја

Facebook

Часот на планетата Земја, глобалниот момент на солидарност за планетата ќе се одржи во сабота на 28 март. Во 20:30 часот по локално време ќе се затемнат над 8.000 градови во повеќе од 180 држави ширум светот, а меѓу нив е и Македонија.

Од канцеларијата на ова светско еколошко движење во Македонија најавуваат големо онлајн-дружење за време на едночасовниот еколошки мрак и велат дека на повикот за солидарност и обединување одговориле голем број пејачи и личности од македонската естрада, кои го прифатиле еколошкиот предизвик.

View this post on Instagram

#СедиСиДома и исклучи ги светилките! ?? Составивме список на 10 работи што можете да ги направите дома или на интернет за да го прославиме Часот на планетата Земја заеднички и да помогнеме во заштитувањето на нашата планета. ? earthhour.mk Бидете сигурни да го споделите вашето искуство со нас користејќи го хаштагот #EarthHourMK! Исто така, означете нè @EarthHourMK на Instagram, @EarthHourMK на Facebook и @EarthHourMK на Твитер за да можеме лесно да ги споделиме вашите објави и приказни! ??

A post shared by Earth Hour Macedonia (@earthhourmk) on

„Ги повикуваме граѓаните и сите наши поддржувачи да ни се приклучат на едно и полчасовниот спектакл на нашиот инстаграм-профил @earthhourmk, каде што ќе имаме можност заеднички да уживаме во настапите во мрак на нашите „Некст тајм“, ДНК, Антонија Гиговска, Иван Јованов, Огнен Здравковски, Теа Трајковска, а исто така ќе можеме да поразговараме и за климатските промени со Ване Марковски, Ирена Спировска, Татјана Алексиќ и многу други“, се наведува во најавата за настанот „Инстаграм лајв“ кој ќе почне во 20 часот, а светилките ќе бидат исклучени во 20:30 часот.

„Во овие тешки времиња, иако не можеме да се обединиме и да испратиме порака од улиците, сè уште можеме солидарно да се обединиме насекаде ширум светот, од нашите домови. Сега не е време да се откажеме, туку можност да реагираме уште покреативно“, велат организаторите на настанот.

View this post on Instagram

Во својата мисија #EarthHourMK секогаш ја потенцирала моќта на луѓето? Во овие тешки времиња, иако не можеме да се обединиме и испратиме порака од улиците, се уште можеме солидарно да се обединиме насекаде ширум светот, од нашите домови. Сега не е време да се откажеме, туку можност да реагираме уште покреативно! Ајде да го победиме овој предизвик и да го исполниме интернетот со позитивни и моќни пораки за Часот на планетата Земја! ?? #СедиСиДома и исклучи ги светилките на 28 март во 20:30 часот!

A post shared by Earth Hour Macedonia (@earthhourmk) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот