Македонија со пораз го започна Европското првенство во ракомет на плажа

Фото: ЕХФ

Македонската женска репрезентација во ракомет на плажа со пораз го започна Европското првенство во Португалија.

Ракометарките предводени од тренерот Златко Мојсовски и Ања Алтхаус беа поразени од Украина со 0:2 во сетови. Првиот сет заврши со убедливи 8:20, а вториот 16:23 во корист наУкраинките.

Нашите ракометарки немаа решение за Анастасија Бондаренко и Јулија Андријчук кои постигнаа по 14 и 12 поени. Во нашите редови Ана Марија Божиновска беше најефикасната со шест поени, шест додека Ангела Јанкуловска, Теодора Гулицоска, Бојана Диневска и Теодора Марковска постигнаа по четири.

Следниот натпревар во групата е денес од 15:00 часот против Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот