4 C
Скопје

Македонија ќе биде претседавач со ОБСЕ во 2023 година

Кандидатурата на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за претседавач на организацијата беше прифатена со консензус од 56 земји учеснички на министерскиот состанок на ОБСЕ во Тирана, со што и официјално на државава и е доделено претседавањето со организацијата во 2023 година, информира денеска на прес-конференција шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Истакна дека претседавањето со ОБСЕ ќе придонесе кон едно ново подобро меѓународно позиционирање на Северна Македонија како конструктивен актер и контрибутор во промоција на заложбите на ОБСЕ, а индиректно ќе се создаде и можност да се манифестира институционалниот капацитет кој се очекува како земја членка на НАТО и идна земја членка на ЕУ.

-Како земја претседавач Северна Македонија би придонела за натамошно промовирање и унапредување на принципите и вредностите на организацијата креирајќи притоа простор за реализација на сопствените меѓународни политички приоритети и можност за етаблирање како активен чинител во сферата на регионалната безбедност и соработка, рече Османи.

Прочитајте и...  Отворена нова група по денешните апсења за „Јавна соба“

Според него, тоа пред се значи можност за зголемена поддршка на јавното мислење во ЕУ за процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија.

Информира дека во наредниот период ќе следи дефинирање на Предлог-програмата, дефинирање на нашите приоритети, детализирање на финансиската конструкција и формирање на поширок тим што ќе биде одговорен за реализација на активностите до, но и за време на нашето претседавање.

-Потребно ќе биде да се формира национален координативен тим од којшто дел ќе биде деташиран во Виена, а дел ќе работи во самото МНР. Досегашните искуства покажуваат дека само во Постојаната мисија во Виена тимот треба да го сочинуваат приближно 30-ина лица од дипломатски специјалистички и административно-технички профил, а ќе треба да се формира и посебен тим во рамките на МНР, рече Османи.

За време на самото претседавање, додаде, обврска на земјава ќе биде да организира најмалку еден формален министерски состанок со присуство на министрите за надворешни работи на 57-те земји членки на ОБСЕ и придружните делегации, потоа делегациите на раководството, претставници на самите институции на ОБСЕ и делегации на Парламентарното собрание и партнерските земји.

Прочитајте и...  Промоција: Возила и специјализирана опрема за спасување во зимски услови во прекуграничниот регион околу Охридското Езеро

-Согласно досегашната пракса и амбициите на земјата за очекување е да се организира и дополнителен неформален министерски совет како што го направија тоа претходните претседавачи. Тоа се огромни министерски состаноци коишто бараат огромна логистичка, техничка и административна поддршка затоа што во наредниот период земјата ќе треба сериозно да се подготви за да се покаже во вистинско светло, истакна министерот.

Најави дека во 2022 година, пред започнувањето на претседавањето, ќе започнеме претседавање со Советодавниот комитет за менаџмент и финансии на ОБСЕ, како што рече, еден од најтешките комитети и се однесува на усвојување на буџетот на организацијата, а го преземаме и претседавањето со Групата за соработка со медитеранските партнери. Информира дека по завршување на претседавањето, како дел од триото го преземаме претседавањето со Групата за соработка со азиските партнери каде ќе одржиме најмалку три до четири состаноци, една т.н. Азиска конференција во некоја од државите членки на групата.

Прочитајте и...  СЗО конечно влезе во Вухан: Дали ќе ја дознаеме вистината за потеклото на коронавирусот?

-Претседавањето подразбира и сериозни организациски и финансиски импликации. Сакам уште веднаш да истакнам дека во моите контакти добив директни пораки и впечаток за евидентно расположение на дел од земјите учеснички за поддршка и тоа и во рамките на организацискиот предизвик, но и во рамки на техничкиот предизвик, а можеби и во финансискиот предизвик околу нашето претседавање, рече Османи.

Министерот додаде дека ова е вистинско признание и за покажаниот напредок што како земја го демонстрираме во изминатите години како во поглед на домашната реформска агенда, внатрешната кохезија особено преку автентичниот модел на мултиетнички односи, но така и на меѓународно ниво во регионални европски, па и светски рамки.

Поврзани вести

Се гледа крајот: Шар Планина конечно станува национален парк

Весна Тодоровска

ЕУ ги ревидира правилата за патување: Олабавени рестрикциите за шест земји, меѓу нив и Руанда

Слободен печат

Наместо зграда во новиот ДУП ќе се гради парк

Турција под закана од суша

Асуде Абдул Кочан

Вучиќ револтиран од големите држави: Земаат шест пати повеќе вакцини отколку што имаат жители

Слободен печат

Првпат во сезонава утре ќе работи новата шестоседна жичница „Лајтнер” на Попова Шапка

Слободен печат

Остави Коментар