Македонија и Светската банка ќе склучат Договор за заем во износ од 125 милиони евра

Владата денеска во рамки на 150.седница го утврди текстот на Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност, кој го доставува до Собранието на Република Северна Македонија за усвојување.

Целта на овој заем, како што информираат од владината прес-служба, е да се обезбедат средства за буџетска поддршка, а основното начело врз основа на кое се заснова овој предлог на Закон е обезбедување на заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност.

Оттука, Република Северна Македонија и Светската банка ќе склучат Договор за заем во износ од 125 милиони евра, кои се дел од новата Рамка за партнерство на државата со Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка договорена на 18 април за периодот 2019-2023 година во висина до 420 милиони американски долари за нови заеми во текот на следните четири и пол години на спроведување на Рамката за партнерство, во зависност од капацитетот за кредитирање на Светска банка, барањата на други заемопримачи, успешноста и приоритетите на земјата и глобалните економски настани.

Рамката за партнерство се фокусира на три меѓусебно поврзани области кои Република Северна Македонија ги има постигнато, како што се: извозно – ориентиран раст; подобрување на средината за конкурентен приватен сектор; инклузивен раст, односно проширување на вештините и можностите за најранливите категории и одржлив раст, односно подобрување на одржливоста и градење на отпорност на шокови, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот