Македонец загина менувајќи гума

Македонски државјанин загина откако бил прегазен од автомобил додека менувал гума на комбе во Швајцарија, објави Decotidien.

Трагичната сообраќајка се случила на автопатот А1 во близина на местото Обербурен во кантонот Сент Гален. Возачот на комбето пријавил во локалната компанија за помош на пат дека му е дупната гумата, па на повикот бил испратен Адем Б.(24), кој за кратко време пристигнал на местото. Тој заедно со возачот со дигалка почнале да го креваат возилото за да ја сменат левата предна гума.

Во нив налетало возило „алфа ромео“ управувано од врсник на Адем. Адем Б. и возачот со тешки повреди биле пренесени во болницата, каде што Македонецот починал.

Сопственикот на компанијата во која работел македонскиот државјанин е шокиран од несреќата, но не ја коментирал бидејќи немал официјални информации од полицијата. Колегите на загинатиот, пак, имаат само пофални зборови за Адем, кој бил вреден и посветен работник.

Очевидци на трагедијата тврдат дека возачот на „алфата“ зборувал на мобилниот телефон, што му го одвлекло вниманието, па удрил во двајцата.

Фото: Decotidien.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот