Македонецот Христо Ковачи на картинг трка во Австрија

фото: фејсбук

Христо Ковачи ќе ја претставува Македонија „Central European Zone Rotax Challenge” во Австрија, меѓу 30 учесници од 16 држави.

За него оваа картинг трка ќе биде нов и сериозен предизвик. Зад себе има успешна година, иако е пандемијата, вистински предизвик да се натпреварувања.

Време е да се вратиме на патеките и да си ги одмериме силите – вели Ковачи.

„Ковачи рејсинг тим” ја заврши успешно 2019 година со најмладиот натпреварувач од Македонија во картинг, Христо, кој е вицешампион во земјава и трето место на генералниот пласман при Бугарскиот шампионат, како и второ место пред финално на балканскиот куп во Бугарија.

Самиот обем на учесници и борбата во еден шампионат на ниво на Централна Европска Зона во која учествуваат 16 земји кажува многу. Патеката, за жал, поради далечината, немаше шанса да ја тренира и ќе има само еден ден тренинг пред самите квалификации, а веќе наредниот ден се трите трки на кои ќе учествува. Христо ќе даде сè од себе да напредува и да постигне што подобар резултат. Јас сум среќен што и самото учество на овој шампионат ќе ги подобри неговите возачки способности – се зборовите на Аргир Ковачи, таткото на Христо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот