Македонец се родил во авион на 8.000 метри височина, па го крстиле по авиокомпанијата - Слободен печат

Македонец се родил во авион на 8.000 метри височина, па го крстиле по авиокомпанијата

Марија Тодева се породила на 13 февруари 1978 година во авион на авиокомпанијата ЈАТ, а била породена од екипажот на авионот. Ножиците со кои ја пресекле папочната врска биле дезинфицирани со виски, а детето го добило името Јатко. Денеска, тој полни 42 години.

Мајката на Јатко имала 18 години, а летала во осмиот месец на бременоста од Белград преку Сингапур за Сиднеј. Таму ја чекал сопругот Стојан Тодев, кој неколку месеци претходно заминал за Австралија во потрага по подобар живот. Се породила на два часа пред слетување, на 8.000 метри. Веќе наредниот ден, веста за овој несекојдневен настан одекнала во медиумите.

Кум на бебето бил пилотот кој управувал со летот и самиот посведочил за овој несекојдневен настан. Го крстиле Јатко, во чест на авиокомпанијата ЈАТ (сега позната како Ер Србија). Тој е единствениот човек во светот, во чие место на раѓање е запишана регистрацијата на авионот YU-AGI.

Прочитајте и...  Пендаровски го потпиша Указот за Законот за Јавно обвинителство
Јатко денес живее во Австралија / Фото: Фејсбук

Авионот полетал со 106 патници, а слетал со 107. Јатко добил доживотна авионска карта, но ни по 42 години, сè уште не ја искористил.

Прочитај повеќе

Брисел ги поздрави одлуките на македонскиот Парламент, сега на ред е ЕУ

Слободен печат

Пленковиќ: Повторно е ставено на дневен ред проширувањето на ЕУ

Слободен печат

Елтон Џон го прекина концертот: Падна на клавирот и заплака! (ВИДЕО)

Слободен печат

Дирк Јан Коп: Гледаме простор Северна Македонија да ги започне преговорите за членство, тоа не е случај со Албанија

Слободен печат

Рот: Донесен Законот за ЈО, сега е ред на ЕУ да испорача

Слободен печат

Митрески: Законот за Советoт на ЈО не спаѓа во група закони што се носат со двојно мнозинство

Слободен печат

Остави Коментар

9 − 1 =

Прочитај повеќе

Димитров: Денес е голем ден во мојот град, успеавме да го усвоиме и последниот закон кој беше услов

Слободен печат

Борел: Законот за ЈО е важен чекор за реформските процеси во Северна Македонија

Слободен печат

Фон Дер Лајен: Северна Македонија и Албанија да започнат со преговори ако е можно и пред самитот на ЕУ во Загреб

Слободен печат

Џорџо Армани, животна приказна раскажана во прво лице

Слободен печат

Спасовски: Законот за ЈО ќе овозможи воспоставување на правна држава

Слободен печат

Законот за Советот за јавни обвинители е донесен според законот и Уставот, велат од кабинетот на Џафери

МИА Агенција