Македонец баран со меѓународна потерница е уапсен на Ќафасан

Македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од хрватските власти е уапсен на граничниот премин Ќафасан на албанско – македонската граница кај Струга.

-Граничната полиција, како резултат на засилените контроли и благодарение на соработката со Интерпол Тирана, идентификува и уапси, со цел екстрадиција, македонски државјанин со висок општествен ризик, баран со меѓународна потерница од хрватските правосудни органи, стои во соопштението од албанската полиција.

Се наведува дека е приведен Тони Јашари (35) од Гостивар кој на 26 август 2015 е осуден на 10 години затвор за кривични дела „структурирана криминална група” и „производство и продажба на наркотици”, но успеал да ја напушти Хрватска во 2018 година.

Јашари е уапсен при контрола на документите за влез на албанска територија.

За понатамошно дејствување надлежен е судот во Подградец, кој ќе ја информира Канцеларијата на Интерпол Тирана со цел негова екстрадиција во Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот