Македонците на онлајн шопинг лани потрошиле 156,2 милиони евра

Онлајн шопинг/ Фото: TEK IMAGE / Sciencephoto / Profimedia

Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци лани потрошиле 156,2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31 проценти во споредба со 2021 година. Најмногу пари потрошиле во Велика Британија (21,8 милиони евра), а во Луксембург направиле најголем број на трансакции (865,9 илјади евра).

Анализата што ја направи Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) врз основа на објавените податоци од Народната банка покажува дека за 21,1 процент е зголемен и бројот на е-трасакции што ги направиле Македонците купувајќи онлајн во странство.

– Најголемата вредност реализирана од Македонците кон Велика Британија, Унгарија и Холандија е очекувана ако се има предвид дека од овие земји потекнуваат Amazon UK, ASOS (Велика Британија), WizzAir (Унгарија) и Booking.com (Холандија). Ако се има предвид дека во Луксембург е регистрирана европските филијали на Amazon и АliExpress преку кои се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од европските земји, без Велика Британија, очекуван е и најголем бројот на направените трансакции во Луксембург со најмала просечна вредност, велат од АЕТМ.

Кај бројот на остварени онлајн трансакции физичките лица учествуваат дури со 89 проценти во вкупниот број и имаат просечна вредност по остварена трансакција од 32.4 евра наспроти 124.1 евра остварена од правните лица.

Според претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска, очекувано е и понатаму да продолжи растот на вредноста и бројот на реализирани онлајн трансакции од Македонците кон странски е-трговци.

– Секој пораст на е-трансакциите е важен за развојот на македонската е-трговија. Важно е да се менуваат навиките и сѐ повеќе граѓаните да ги користат картичките за онлајн плаќања и купувања, бидејќи кога тоа го прават за купување билети, резервации на хотели и порачки на производи од странски е-трговци сѐ повеќе ќе се навикнуваат да го прават и од домашните. А кога има поголема побарувачка, тоа ќе ги стимулира домашните трговци да ја зголемуваат и унапредуваат понудата и целокупното онлајн искуството за купувачите, вели Ангеловска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот