Мајка и две ќерки се тепале во Аеродром

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Семејна тепачка во која учествувале две сестри и нивната мајка се случила вчера во скопската населба Аеродром, соопшти полицијата.

„На 17.11.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека околу 15.00 часот на подрачјето на Аеродром – Скопје, поради нарушени семејни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.К.(76), 41-годишната М.К. и 38-годишната А.Ц.К., сите од Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот