Мајка – храброст: Го спречи грабнувањето на ќерката од канџите на киднаперот (ВИДЕО)

Фото: Printscreen Youtube/ Hindustan Times

Целиот инцидент го снимија околните надзорни камери.

Снимка од Њу Делхи покажува храброст и пожртвуваност на една мајка која го спречи киднапирањето на својата ќерка.

На снимката од безбедносните камери која ја обиколи планетата се гледа како мајка успева да ја спаси ќерката (4) од канџите на киднапер, благодрение на својата брзина и храброст.

Таа со викање и тропање го алармираше соседството, па двајца соседи ги спречија киднаперите да го грабнат девојчето и да побегнат на мотоцикли со него. Полицијата подоцна ги пронајде и ги уапси двајцата осомничени.

Грабнувањето го организирал стрикото на девојчето, соопшти полицијата, кој сакал од братот, кој е успешен трговец со ткаенини, со уцена да го принудат да ја спушти цената на производите.

Еден од киднаперите ја замолил мајката за малку вода, а додека одела по неа, го грабнал девојчето и се обидел дека побегне со неа.  За среќа не му успеа намерата. Целиот инцидент го снимија околните надзорни камери.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот