Мајк Пенс го посети Ѕидот на плачот во Ерусалим

Тие се сликаа заедно, но не дадоа изјави за новинарите.

Потпретседателот на САД Мајк Пенс денеска го посети Ѕидот на плачот во Ерусалим, најсвето молитвено место за Евреите.

Пенс беше придружуван од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, американскиот амбасадор во Израел Дејвид Фридман и израелскиот амбасадор во Вашингтон Рон Дермер.

По молитвата на главниот рабин на Ѕидот на плачот, носејќи традиционална еврејска капа, според обичаите, Пенс остави порака во пукнатина од ѕидот. Нетанјаху го стори истото подоцна. Тие се сликаа заедно, но не дадоа изјави за новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот