Мадона донира еден милион евра за пронаоѓање вакцина против коронавирусот

Profimedia
Фотографија: Profimedia

Поп-пејачката Мадона, откако неодамна ја шокираше јавноста со изјавата дека „развила антитела на коронавирус“ и дека може слободно да се шета без да седи во самоизолација, сега смета дека пронаоѓањето вакцина против ковид-19 е неминовност.

За таа цел, таа донирала еден милион евра за да се пронајде вакцина што ќе помогне во спречувањето на ширењето на коронавирусот.

Меѓу другото, таа на своите обожаватели преку социјалните мрежи им соопштила и дека целосно го поддржува Бил Гејтс во неговите напори во изнаоѓање вакцина, со која ќе се стави крај на ова заразно заболување.

– Тоа е неопходно за да ги заштитиме медицинските работници, но и семејствата и пријателите. Импресионирана сум од работата на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ и нивните напори да се пронајде вакцина против овој вирус – рекла Мадона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот