Лукашенко: Напаѓачите од Москва прво се обидоа да побегнат во Белорусија

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека напаѓачите кои во петокот убија повеќе од 130 луѓе во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија.

„Не можеа да влезат во Белорусија. Кога го сфатија тоа, ја променија рутата и тргнаа кон руско-украинската граница“, рече Лукашенко, според соопштението за печатот од белоруското претседателство.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека напаѓачите кои убија повеќе од 130 луѓе во концертна сала во близина на Москва се „радикални исламисти“.

Тој во текот на викендот појасни дека четворица од напаѓачите биле уапсени додека се обидувале да побегнат во Украина, а во тоа време не го спомна авганистанскиот огранок на терористичката група Исламска држава, ИСИС-К, која ја презеде одговорноста за нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот