Лукаревска: Тенденција на Управата за јавни приходи е да се градат партнерски односи со даночните обврзници

фото: МИА

Нашата тенденција како Управа за јавни приходи е да градиме партнерски односи со даночните обврзници. Тука сме за да слушнеме дел од проблемите со кои се соочуваат даночните обврзници во секојдневното работење, одредени сугестии, за да ја унапредиме нашата работа како главен собирач на приходите во државата, истакна денеска во Кавадарци директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Таа со тим од Управата и со претседателот на Регионалната Стопанска комора Никола Наумов, денеска се сретнаа со стопанственици од тиквешкиот регион.

Средбата е, додаде, да ги информираат  претставниците на компаниите за најновите измени и дополнувања на материјалните закони по кои постапува Управата за јавни приходи, новините во делот на повратот на ддв кај физичките лица, новините во делот на ваучерскиот систем, за даночните олеснувања при донации во спортските клубови од страна на даночните обврзници и слично.

-Имавме исто така и новини во Законот за регистрирање на готовински плаќања. Очекуваме да слушнеме и одредени нивни размислувања за да ги унапредиме максимално обострано нашите односи, нагласи Лукаревска.

Претседателот на Регионалната Стопанска комора рече дека продолжуваат со активности со цел да се биде мост помеѓу бизнис заедницата и институциите во државата.

-Тука сме за да ги слушнеме сите забелешки и сугестии на претставниците на бизнис секторот, нагласи Наумов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот