Лукаревска: Разликата со ВМРО-ДПМНЕ е видлива, наместо стиропор сега има капитални инвестиции

Сања Лукаревска, потпретседател на СДСМ/Фото: Методи Здравев

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за Фокус изјави дека секоја влада на СДСМ морало да носи тешки одлуки, но не одолжувала, не ги заобиколувала, туку се соочувала со проблемите.

Во 2017-та наследивме исклучително специфична ситуација – кревка, ранлива, изолирана држава. И ако направиме споредба со Македонија-членка на НАТО и на чекор до ЕУ, ќе можеме да заклучиме дека оваа влада направи многу.Што се однесува до анкетите, еве да ве потсетам. И во 2020 имавме анкети што покажуваа предност на ВМРО-ДПМНЕ, но реалноста на денот на изборите беше сосема поинаква рече Лукаревска.

Според неа, нејзината партија никогаш проблемите не ги ставала под тепих, туку ги решавала, па дури и по цена на популарноста, додавајќи дека има огромна разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Не сме се поставувале како судии или јавни обвинители. Не го злоупотребуваме медиумскиот простор. Ние се боревме за демократија и слобода, за транспарентност и отчетност, за слобода на изразување. И затоа критиките слободно и се слушаат, и ги сфаќаме добронамерно.Разликите меѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ се видливи. Наместо стиропор, има капитални проекти, наместо притисоци кон администрацијата, има повисоки плати. Нема затворање медиуми и редење вести. Нема ќотек за пратениците и новинарите во Собранието. Нема закани. Овие разлики се суштински. Не треба да се заборава. Зашто заборавот може да биде најкусиот пат до враќањето на хоророт, од кој едвај извлековме жива глава, посочи Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот