Лука Дончиќ најдобар во НБА новогодишната ноќ (ВИДЕО)

Победи на сите четири дуели во НБА лигата одиграни забележаа домаќините. Најнеизвесно беше во Сан Антонио каде дуелот беше решен по дополнителни минути.

И покрај тоа што имаше многу нереализирани шутеви, од кои и неколку клучни, а неговиот Далас загуби кај Оклахома (106:101), Лука Дончиќ во 2020 влезе како што играше во минатата година.

Заедно со Џејмс Харден беше најдобар стрелец (35 поени) во новогодишната ноќ во НБА лигата, но го надмина со бројки во останатите категории.

Словенецот имаше и 10 скокови, така што дојде до 10. „дабл-дабл“ учинок на сезоната, а малку му недостасуваше да дојде до 10. „трипл-дабл“, бидејќи мечот го заврши со седум асистенции.

НБА, резултати –
Хјустон – Денвер 130:104
Сан Антонио – Голден Стејт 117:113 (по продолжение)
Торонто – Кливленд 117:97
Оклахома Сити – Далас 106:101

Лос Анџелес лејкерс се лидери во поредокот на Западната конференција со биланс 26 победи и седум порази, додека на Исток води Милвоки со скор 30-5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот