„Луфтханза“ за три месеци претрпи загуба од 2,1 милијарда евра

Авио – компанијата ги приземји речиси сите свои авиони за време на врвот на пандемијата со Ковид-19.

Поради пандемијата предизвикана од корона вирусот и мерките кои ги презедоа владите на земјите во светот, авио – компаниите беа принудени на ги спуштат своите летала. Токму поради ударот кој корона вирусот го зададе врз овој сектор голем дел од авио – превозниците беа принудени да го запрат своето работење но цената која ја платија поради тоа беше многу висока, еден дел ги затворија своите бизниси, а друг дел потонаа во длабоки долкови.

Германската авиокомпанија „Луфтханза” во првите три месеци од годината забележа загуба од 2,1 милијарди евра поради намалената вредност на активата поради пандемијата со новиот коронавирус што го погоди секторот патување.

Во истиот период во 2019 година „Луфтханза” имала нето загуба од 342 милиони евра.

– Негативниот резултат во првиот квартал се должи на отпис на 266 милиони евра на вредноста на флотата, намалувањето на книговодствената вредност на фирмата за кетеринг на Луфтханза, „ЛСГ Северна Америка” за 100 милиони евра, како и отпис на вредноста на нејзината филијала „Јуровингс” за 57 милиони евра, соопшти денескагерманската авиокомпанија.

„Луфтханза” ги приземји речиси сите свои авиони за време на врвот на пандемијата со Ковид-19, а во април, пред каматите и даноците, соопшти дека во првите три месеци од 2020 година загубила 1,2 милијарди евра.

Надзорниот одбор на компанијата во понеделникот им препорача на акционерите да ја прифатат помошта од девет милијради евра, што Европска комисија ја услови со тоа „Луфтханза” да им отстапи некои од своите слотови на аеродромите на конкурентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот